Чудо од хеликоптер: Во Русија завршен проект на летало со хибриден мотор

Овој проект во себе содржи строги технички барања кои ќе овозможат конкурентност на сличните проекти кои се реализираат во странство. Тука пред сé се мисли на тактичко-техничките карактеристики на леталото кое ќе мора да ги задоволи високите критериуми на максималната и брзината на крстосување на летот, максималниот долет, должината на летот, високиот степен на експлоатациска сигурност и универзалноста на примената.

Специјалистите на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) и концернот „Хеликоптери на Русија“ го завршија најновиот проект за развој на перспективен хеликоптер што ќе го движи хибриден мотор, а ќе биде управуван од елементи на вештачка интелигенција. Ова за веб-порталот ТАСС го изјавија од информативната служба на Фондот за перспективни истражувања.

Врз основа на осмислениот технички облик е направен проектот ВКЛА (перспективно летало со хеликоптерски ротор) кој ќе биде основа за понатамошен развој на руската техника за вертикален транспорт во наредните 10-20 години. Овој проект во себе содржи строги технички барања кои ќе овозможат конкурентност на сличните проекти кои се реализираат во странство. Тука пред сé се мисли на тактичко-техничките карактеристики на леталото кое ќе мора да ги задоволи високите критериуми на максималната и брзината на крстосување на летот, максималниот долет, должината на летот, високиот степен на експлоатациска сигурност и универзалноста на примената.

Од Фондот за перспективни истражувања прецизираат дека високите технички и експлоатациски барања кои ова летало ќе мора да ги исполни, ќе го обезбедат со перспективна технологија која ќе овозможи интеграција на хибриден мотор, интегриран систем за електромеханичка трансмисија, напреден систем за пилотирање со леталото и комбинирано управување кој всушност ќе претставува синергија на пилотот и системот со вештачка интелигенција.

Основната претпоставка е дека овие системи ќе обезбедат далеку поефикасно решавање на задачите кога е во прашање медицинска евакуација на настрадани лица, како и примена на хеликоптерска техника во операции за пребарување и спасување. Според замислите на развојните инженери, перспективниот хеликоптер ќе има способност да остане во воздух и до 7 часа и за само 7 минути да помине растојание од 50 км додека истовремено превезува две настрадани лица (или еден медицински модул) плус двајца лекари.

Информативната служба на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) најави понатамошна работа над овој проект кој ќе биде фокусиран на развој на интегриран електромеханички систем и перспективна опрема во состав на тридимензионален демонстратор на хеликоптерското летало на иднината.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња