Ми-28Н
safereactor.ccОва го соопшти генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ (дел од корпорацијата „Ростех“) Андреј Богински.
„Во тек е сериското производство. Во рамките на државните нарачки во секторот одбрана ќе испорачаме 98 летала до 2027 година. Првите два хеликоптери се испорачани во рамките на овој договор како контролна серија. Едниот од нив е вклучен во државните тестирања, а на другиот го тестираме новиот носечки систем: новите елиси кои ја зголемуваат брзината на леталото“, рече Богински.
Тој исто така соопшти дека тешкиот повеќенаменски транспортен хеликоптер Ми-26 може да добие арктичка верзија.
„Ми-26 и сега може да лета на ниски температури, но за да биде подобро прилагоден на арктичките услови, треба да се доработи. Ние денес знаеме што треба да се модернизира на хеликоптерот за да неговото користење на Арктикот дава поголема удобност“, рече тој.
Богински исто така истакна дека холдингот е подготвен да реализира ваква модернизација на хеликоптерот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче