Сите познати детали за падот на српскиот авион-ловец МиГ-21!

Судејќи според сé, се работи за ловечки апарат МиГ-21 УМ (верзија со две седишта). Леталото се наоѓаше во составот на ВВиПВО на Војската на Србија. Конкретно, во Војската на Србија постои само едно вакво летало. Тоа го помина неопходниот ремонт по што беше продолжен неговиот век на употреба на дополнителни десет години (до 2026 година).

Официјалниот интернет-портал на Војската на Србија ја пренесе информацијата дека утрово кај Мали Зворник се урнал борбен авион МиГ-21. Инцидентот со трагични последици се случи во 09:10 ч. Во реонот на селото Брасина кај Мали Зворник. Според првичните податоци, авионот пред полетувањето ја поминал комплетната техничка процедура по што е констатирано дека леталото е исправно и подготвено за лет.

На местото на настанот се наоѓаат надлежните истражни органи. Увидот е во тек, пренесува порталот Marsonline „Борбени Ефективи“.

На местото на несреќата во селото Брасина, кое се наоѓа меѓу Мали Зворник и Бања Ковиљача, се наоѓаат бројни противпожарни и полициски возила. Локалитетот каде што се сруши авионот го надлетуваат воени и полициски хеликоптери. Самиот терен е многу пошумен и непристапен за движење на возила и луѓе.

Судејќи според сé, се работи за ловечки апарат МиГ-21 УМ (верзија со две седишта). Леталото се наоѓаше во составот на ВВиПВО на Војската на Србија. Конкретно, само еден примерок од оваа верзија на леталото се наоѓаше во единиците на Војската на Србија. Леталото го помина неопходниот ремонт по што беше продолжен неговиот век на употреба на дополнителни десет години (до 2026 година).

РТС неофицијално објави дека загинал еден пилот, додека по вториот се трага (се катапултирал пред падот на леталото). Исто така, повреден е и еден жител на селото Брасино, кој е превезен во болница.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња