Евангелието и грст руска земја: Космонаути открија што ќе понесат со себе на МВС

Роскосмос
Маскота на екипажот ќе биде плетена фигура по име Јуриј.

Командирот на вселенскиот брод „Сојуз“ Сергеј Рижиков, кој во октомври ќе отпатува на Меѓународната вселенска станица, со себе ќе го понесе Евангелието и грст руска земја. Ова тој го изјави на конференцијата за новинарите, пренесува новинската агенција „РИА Новости“.

„Како и во случајот со претходниот лет, ќе ги понесам за мене најважните книги, минијатурни Евангелија, како и камен од планината Тавор, бидејќи тоа е името на нашиот екипаж. Исто така, нема да изостане ни кесенцето со родната земја, бидејќи таа се наоѓа на логото на екипажот“, рече тој.

Лансирањето на бродот „Сојуз МС-17“ со ракета-носач „Сојуз 2.1а“ од космодромот Бајконур е планирано за 14 октомври. Во екипажот ќе бидат руските космонаути Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков, како и Кетлин Рубенс од американската агенција НАСА.

Кетлин Рубенс, Сергеј Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков

Маскотата на екипажот, фигурата која служи како индикатор на бестежинската состојба, е плетениот „космонаут“ Јуриј, кој го добил името најверојатно по Гагарин. Командирот на екипажот Сергеј Рижков рече дека маскотата ја исплела жената на космонаутот Сергеј Куд-Сверчков.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња