Руски ловец Су-30 се урна во Тверската област

Сергеј Кривчиков/Wikipedia
Авионот се урна во шумските предели. Нема уништување на теренот. Пилотите се катапултираа на време. Истрагата е во тек.

Во Тверската област на Русија се урна воен авион Су-30, соопшти прес-службата на Западниот воен округ. „На 22 септември во Тверската област во текот на планираната обука се урна авион Су-30 на Западниот воен округ“, се наведува во соопштението.

Екипажот на авионот успешно се катапултираше и по приземјувањето ја контактираше базата, соопшти прес-службата и додаде дека екипажот потоа е евакуиран на базниот аеродром.  

„Авионот се урна во шумските предели. Нема уништување на теренот. За утврдување на причините и околностите на инцидентот на местото на несреќата е упатена комисија на Западниот воен округ“, додава прес-службата.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња