Можат ли руските системи С-400 во Кина да ја одбранат земјата од американските ракети на Тајван?

Противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“

Противвоздушниот ракетен систем С-400 „Триумф“

Sputnik

Администрацијата на американскиот претседател и понатаму инсистира на Тајван да му ги продаде најновите ракети од класата „воздух-земја“ AGM-84H/K SLAM-ER, тврдејќи дека тие ќе бидат од витално значење во потенцијален конфликт со Кина.

Крстосувачката ракета SLAM (Supersonic Low Altitude Missile) на надворешниот носач на ракети под крилото на американскиот повеќенаменски борбен авион F/A-18 Хорнет.

Пекинг за одбрана на својата територија ги користи прочуените руски ракети С-400 „Триумф“.

Можат ли системите С-400 да ја одбранат Kина од масовен напад со примена на новите американски ракети чиј производител е Боинг?

И да и не

Во 2017 година Москва со Пекинг потпиша договор за испорака на две батерии противвоздушни ракетни системи С-400 „Триумф“, а една година подоцна во Кина стаса првата партија од ова оружје. Секоја батерија содржи четири лансери вооружени со четири ракети, што вкупно изнесува 16 ракети по батерија. С-400 соборува ловци од петтата генерација и крстосувачки ракети во радиус од 200 километри.

Исто така, треба да се земат предвид и резервните ракети. Договорот подразбира и неколку возила за товарење и транспорт, радарски станици, команден пункт и различни помошни возила.

С-400 „Тријумф“

Противвоздушниот систем С-400 е направен со цел да се спротивстави на сите современи, па и на некои перспективни воздушни закани, вклучувајќи ги и ловечките авиони од петтата генерација, бомбардери, интерконтинентални балистички ракети, масовни ракетни напади итн.

Професорот од Академијата за воени науки Вадим Козјулин смета дека С-400 без сомнеж би соборил ракета AGM-84H/K SLAM-ER направена за ловецот Ф-16 која САД веќе му ја продадоа на Тајван.

Сепак, постојат и детали кои треба да се имаат предвид.

„Во овој момент тоа повеќе личи на претпоставка. Таквите системи за ПВО се наменети за соборување на сите воздушни цели во радиус од 200 километри, но прашањето е дали военото воздухопловство на други земји ќе ги испратат своите авиони или ракети во зона која ја контролира С-400“, додава Козјулин.

Тој потсети дека САД во напад на воздухопловната воена база Шајрат во Сирија ја дефинирале патеката на своите крстосувачки ракети „Томахавк“ така да ја заобиколат зоната што ја контролираат руските системи С-400 „Триумф“ кои се наоѓаат во тој регион.

„Нападите се извршени со заобиколување на зоните што ги покрива ПВО. Во спротивен случај би биле соборени 95% од проектилите кои чинат милиони американски долари“, објаснува професорот.

Тој воедно додаде дека не би било коректно да се земат предвид само тактичките карактеристики и можноста на оружјето, а истовремено да се занемарат човечките и тактичките фактори.

„Секој напад се разгледува, земајќи ги предвид условите на конкретно боиште, непријателската одбрана и арсеналот што го поседува. Работата е во тоа што Кина ја нема покриено сета своја територија со системи за ПВО, но и тајванските вооружени сили немаат можност да извршат напад во сите правци“, додава Козјулин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња