Владимир Путин за уникатното оружје што го поседува Русија

kremlin.ru
Руското оружје во бројни случаи нема пандан во светот, изјави претседателот на РФ на седницата на воено-индустриската комисија во пресрет на Денот на оружарот.

„Денешната генерација оружари достоинствено ја продолжува работата на своите претходници, произведувајќи вистински уникатни примероци оружје кое во овој момент ги надминува странските пандани“, рече Владимир Путин.

„А во некои случаи нашето оружје и нема никакви еквиваленти. Според низа карактеристики тоа е потполно очигледно“, истакна шефот на руската држава.

„Талентираниот менаџерски кадар, научниците и инженерите треба да имаат можност потполно да се искажат и да ги заземат клучните позиции во одбранбено-индустрискиот комплекс. Многу такви луѓе се потребни“, изјави претседателот на Русија на седницата на воено-индустриската комисија.

„Ќе продолжиме со јакнење на кадровскиот потенцијал на одбранбено-индустрискиот комплекс, вклучувајќи создавање услови за да талентираниот менаџерски кадар, научниците, конструкторите, оние кои сега имаат 30 или 40 години да можат во целост да ги реализираат своите способности, да го искористат стекнатото искуство, да ги имплементираат своите храбри идеи и во перспектива ги заземат клучните позиции во претпријатијата во оваа сфера, да ја преземат одговорноста за нивната иднина, значи за сигурно обезбедување на армијата и флотата на Русија, во наредните децении, со модерна техника“, рече шефот на руската држава.

Владимир Путин предложи да се разгледа како одат работите со формирањето федерална кадровска резерва во одбранбено-индустрискиот комплекс. Слични формати, претседателската и федералната резерва на менаџерски кадри, отворениот конкурс „Лидери на Русија“ и низа други, веќе се покажаа во најдобро светло, оцени тој. Стручњаците кои поминаа толку строга селекција веќе работат на различни нивоа на власта, додаде претседателот.

Таквата работа почна од мај и во претпријатијата на одбранбено-индустрискиот комплекс во четири правци. Одбрани се 55 перспективни професионалци, според шефот на руската држава, вистински лидери. Во овој момент тие го проучуваат стратешкото планирање на активностите на одбранбените претпријатија, организирањето на работата на големите работнички и научни колективи, управувањето со портфолиото на нарачки и финансии.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња