Во Русија пронајдена првата целосно сочувана мумија на пештерска мечка (ФОТО)

Северо-Восточный федеральный университет имени М.К.Аммосова
Ако претходно пронаоѓаа само черепи и коски, оваа мумија ги има сите внатрешни органи и муцката.

Одгледувачи на ирваси на Големиот Љаховски остров (Јакутија) пронајдоа добро сочувано тело на изумрена пештерска мечка, јавува сајтот на Североисточниот федерален универзитет.    

„До денес ова е единствениот пронајдок од овој вид – тело на мечка со месото и кожата. Мумијата е целосно сочувана, сите внатрешни органи се на место. На фотографиите се гледа дека е сочувана и муцката. Претходно пронаоѓаа само черепи и коски“, вели шефот на лабораторијата за Молекуларна палеонтологија на универзитетот Елена Григорјева.  

Пештерската мечка е праисториски вид кој живеел во Евроазија во средниот и доцниот плеистоцен (периодот од пред 2588 милиони години до пред 11,7 илјади години), а исчезнала пред околу 15000 години. Според првичните процени, пронајдената мечка можела да живее пред околу 22 до 39,5 илјади години, пишува The Siberian Times. Точната возраст сé уште не е утврдена.

Мумијата на мечката ќе ја истражуваат соработниците на лабораториите на Музејот на мамутот и Молекуларна палеонтологија на Североисточниот федерален универзитет заедно со руски и странски колеги.

Истражувањата ќе бидат комплексни, како и при истражувањето на жената на Малољаховскиот мамут откриена на еден од островите на Јакутија во 2012 година. Тогаш научниците утврдија дека таа живеела пред 29000 години, дека имала девет млади, дека едно младо умрело набргу по раѓањето. Таа загинала во 67 година од животот (просечната должина на животот на мамутот е 60-65) откако паднала во јама, ги повредила коските и не можела да излезе од неа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња