Руски научници пронајдоа во метеорит живот од вонземно потекло

Uwe Zucchi/dpa/Global Look Press
Руските научници ќе ги објават фотографиите на фосилните древни микроорганизми пронајдени во метеоритот Оргеј. Овие микроорганизми можеби постоеле во времето на настанокот на Сончевиот систем, т.е. пред Земјата.

Ова го изјави членот на Руската академија на науки, еден од авторите на научната работа Алексеј Розанов. „Ова не е откритие, туку пронајдок на цврсти докази дека панспермијата (доаѓањето на живот на Земјата од вселената) е реална појаваˮ, изјави Розанов, пренесува РИА „Новостиˮ. 

Според овој научник, планирано е во ноември да биде објавен албум со снимки. Тој ќе биде посветен на разновидни фосилни примероци, пронајдени во еден метеорит под назив Оргеј, кој паднал во Франција 1864 година. Траги на живот во овој метеорит се пронајдени речиси веднаш по неговиот пад, но, не верувајќи им на сопствените очи, научниците ги објаснија со несовесноста на другите научници.

„Многу нешта се пронајдени тогаш, но од страв е поинаку интерпретирано, за да не се плашат луѓето“, истакна Розанов.

Од 2015 година, користејќи електронски микроскопи, руските научници од Палеонтолошкиот институт на РАН и Обединетиот институт за нуклеарни истражувања изработуваат квалитетни снимки на „микровонземјаните“.  

„Снимките што ги добивме лесно се интерпретираат, против нив не може ништо да се каже. Но сепак ќе зборуваат. Луѓето кои со тоа никогаш не се занимавале најмногу дискутираат за тоа“, рече научникот.  

Точната старост на Оргеј не е утврдена. Научниците не ја исклучуваат можноста тој да е многу стар. Меѓу трагите од микроорганизми има скаменети магнитотактици: микроорганизми кои можеле да настанат само на објект со магнетно поле и вода, т.е. на планета, а не на или во комета.

Траги на живот научниците не ги бараат на површината на метеоритот, каде што тој можел да се најде по паѓањето на Земјата, туку ги разбиваат вселенските тела и гледаат во внатрешноста на карпата. „Ако ништо друго, покажуваме, и тоа се знае веќе повеќе од 20 години, дека во вселената постои живот или барем постоел“, истакнува тој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња