„Терминаторˮ против „Пробој“: Несекојдневни снимки од тенковски двобој

Со помош на акциони камери прицврстени на тенкот Т-90 и БМПТ „Терминаторˮ е снимен моментот на погодок со наведувани ракети во текот на тенковски дуел меѓу двете возила.

Во емисијата „Военаја пријомка“ (Военная приёмка) е организиран своевиден тенковски двобој меѓу БМПТ „Терминаторˮ и тенк Т-90 „Пробојˮ. Суштината на двобојот беше во тоа и тенкот и борбената машина за поддршка на тенкови истовремено да ги гаѓаат целите кои симулираат два стари тенка со наведувани ракети.

Во случајот со БМПТ тоа е суперсоничната ракета „Атака-Т“, а кај Т-90М ракетата 9М119М. Гаѓањето го усложни силниот дожд што почна да паѓа, така што целите на полигонот се гледаа лошо. На тенковите кои ги симулираа метите екипата на емисијата постави акциони камери кои ги снимија последиците од ударите на ракетите истрелани од БМПТ „Терминаторˮ и тенкот Т-90 „Пробојˮ.

При прегледот на местото на погодокот, заменик-началникот на одделението на уралското КБ за транспортна машиноградба Иљја Макеев потврди дека гаѓањето било изведено успешно.

„Тоа е тој тенк за кој беше задолжена БМПТ, имате свежи, сé уште топли траги. Во услови кои не беа погодни за гаѓање ги откривме и успеавме да ги погодиме целите ефикасно. Обрнете внимание на вашата камера, судејќи според сé, еден фрагмент долетал и ви го уништил објективот“, забележа конструкторот.

Без оглед на загубата на објективот, акционата камера успеа да сними и да ја сочува видеоснимката на која може да се види големината на оштетувањата при удар на наведувана ракета во тенк.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња