Како изгледа подводно возење тенкови (ВИДЕО)

Кадетите на Централниот воен округ на руската војска демонстрираа подводно возење тенкови.

Двесте кадети на школскиот центар на Централниот воен округ совладаа подводно возење тенкови на полигонот Елански во Свердловската област. Екипажите се спуштија на длабочина од четири метри и преминаа басен со ширина од околу 200 метри, велат од службата за односи со јавноста.

Во услови на отсуство на видливост и визуелна ориентација возачите-механичари управуваа со борбените возила со помош на инструментите и жирокомпас. Покрај тоа, кадетите увежбуваа евакуација на екипажот и техниката во случај на потопување на тенкот.

Обуката се одвива според принципот од едноставно кон сложено. Кадетите прво реализираат вежби на копно, се занимаваат со лесна нуркачка обука во тренинг-центарот (меѓу другото, ги увежбуваат нормативите на специјално потопена тенковска макета).

Дури потоа се пристапува кон вежби во природен воден басен, изјави Андреј Шелухин, началник на 473 окружен школски центар за обука на помлади стручњаци на Централниот воен округ на руската војска.

По завршената обука овие млади луѓе ги чека работа на помлади стручњаци во тенковските трупи.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња