Авион-ловец МиГ-29 од составот на дежурната ескадрила на Северната флота на руската Воена морнарица изведе пресретнување на странски воен авион над акваторијата на Баренцовото море. Основната задача на овој ловец беше да изврши идентификација и спроведување на воздушниот објект што го лоцираа радарско-набљудувачките средства.
Ова во понеделникот (7 септември) го соопштија од Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација, пренесува веб-порталот anna-news.info.
„Во понеделникот над неутралните води на Баренцовото море е забележана воздушна цел која се приближуваше до рускиот воздушен простор. Заради негова идентификација во негов правец е упатен еден ловец МиГ-29 од составот на дежурните воздухопловни сили во рамките на Северната флота. Екипажот на рускиот авион по приоѓањето до целта изврши нејзина идентификација. Се работеше за стратешки извидувачки авион R.1 „Сентинел“ (евиденциски број ZJ691) во составот на британското Воено воздухопловство. Рускиот ловец потоа изврши негово спроведување над акваторијата на Баренцовото море“, се наведува во соопштението на рускиот центар.
Се работи за летало Sentinel R.1 (евиденциски број ZJ691) кое е наменето за операции за воздушно извидување и наведување на воздухопловни ударни сили. Овој авион се наоѓа во составот на британското Воено воздухопловство. Во негова близина се наоѓаше и летечки танкер за дополнување гориво во воздух Airbus Voyager KC3 (евиденциски број ZZ334). Овие две летала во најголемиот дел од траекторијата беа обезбедувани од повеќенаменски авиони-ловци Eurofighter Typhoon.
Рускиот ловец при решавањето на оваа задача строго се придржуваше до правилата за употреба на воздушниот простор. Нарушување на воздушниот простор на Руската Федерација од страна на британските летала не беше дозволено.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче