Во последно време ни пристигаат навистина изненадувачки вести од САД, особено кога е во прашање воената тематика. Имено, американската војска реализираше воена вежба во која е симулирано соборување на имитација на руска крстосувачка ракета („Калибар“). И тоа би било нормално, доколку во вежбата учествуваа единици на ПВО (копнени системи и авиони) кои во својот состав имаат адекватни средства кои можат да одговорат на тој предизвик. Меѓутоа, во конкретниов случај таквото правило не важеше. Соборувањето на ракетата го изведоа единици на Копнената војска, поточно артилериски екипажи опремени со самоодни хаубици M109A6 „Паладин“!?
Според веб-порталот „Взгљад“, имитацијата на руска крстосувачка ракета ја реализирала летечката мета BQM-167 Skeeter. Ова летало, кое при својот лет може да оствари високи вредности на супсонична брзина (околу 1130 км/ч) успеало да го собори ни помалку ни повеќе туку самоодна хаубица M109 „Паладин“ со калибар 155 мм. Таа наводно го направила тоа користејќи современ систем за управување со огнот (Advanced Battle Management System) која истрелала кон летечкиот објект противвоздухопловен проектил со голема брзина. Притоа имитацијата на ракетата „Калибар“ е успешно соборена.
По успешното завршување на воената вежба во која екипажите опремени со самоодни хаубици М109 „Паладин“ се оценети со висока оцена кога е во прашање организацијата на противракетната одбрана од крстосувачки проектили, се огласи и командантот на Северната команда на Военото воздухопловство генерал Глен Ван Херк, кој рече дека примената на најновата техника врз база на вештачка интелигенција дава значајна предност во организацијата на борбените дејствија против армиите на Русија и Кина.
Американската самоодна хаубица М109А6 „Паладин“ со калибар 155 мм е широко распространета во светот. Различните модификации на оваа хаубица се наоѓаат во голем број земји во светот, кои биле или сé уште се во некој вид сојузнички односи со САД. Оваа хаубица според доктрината на употреба во американската војска спаѓа во универзално орудие.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче