Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација објави видеоснимка на која е забележано пресретнување на два странски извидувачки авиони кои се приближија до руските граници на 8 септември.
Руските средства за контрола на воздушниот простор над неутралните води на Балтичкото море открија два странски извидувачки авиони. Заради идентификација на авионите и спречување на повреда на државната граница на Русија полета ловец Су-27 од составот на дежурните сили за противвоздушна одбрана на Балтичката флота.
Екипажот на рускиот ловец ги идентификуваше целите – стратешки извидувачки авион RC-135 на Военото воздухопловство на САД и авион „Голфстрим“ на Военото воздухопловстсво на Шведска.
Откако странските авиони се оддалечија од границата, рускиот авион успешно се врати на аеродромот на кој е стациониран. Летот на Су-27 беше изведен со строго почитување на правилата за користење на воздушниот простор. Државната граница на Русија не беше повредена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче