Шоjгу: На Армиските игри 2020 поставени 37 рекорди, од кои 27 од страна на руските војници

Global Look Press
Русија шести пат ја освои титулата шампион.

На Армиските меѓународни игри се поставени 37 рекорди, од кои 27 постави 27 постави руската екипа, изјави на тематското советување министерот за одбрана на Русија генерал Сергеј Шојгу.

„Резултатите од натпреварувањето на припадниците на војските од 32 земји се собрани на едно место на 5 септември. Утврдени се 37 рекорди, од кои 27 припаѓаат на нашата репрезентација. Русија шести пат ја освои титулата шампион“, изјави шефот на рускиот воен ресор.

Како што истакна рускиот министер, меѓу петте најдобри влегоа тимовите на Белорусија, Узбекистан, Виетнам и Азербејџан. Според Шојгу, натпреварите се одвиваа на високо ниво.

Рускиот министер за одбрана изјави дека оваа форма на соработка е перспективна и најави нејзин понатамошен развој.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња