Шојгу: Сите руски бомбардери добија опрема што поминала „воено челичење“

Wikipedia
Руските борбени авиони кои во својата намена имаат бомбардерска функција се унапредени со техника која поминала воена експлоатација во Сирија. Тоа пред сé се донесува на новите системи за прецизна неутрализација на копнени цели со употреба на ненаведувано и наведувано вооружување, какво што се воздухопловните бомби и ракетите.

Сите руски борбени авиони добија нов систем за гаѓање цели на земја кој е проверен во борбени услови, поточно во Сирија. Ова за руската државна телевизија „Русија 24“ го изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

„Ние практично до максимум ги унапредивме воздухопловните системи кои се наменети за прецизно бомбардирање. Оваа техника прво беше унапредена, па потоа проверена, за својата вистинска проверка да ја има во Сирија. Во овој момент ние со овие системи ги опремивме практично сите авиони кои имаат бомбардерска функција“, рече рускиот министер за одбрана во интервјуто за рускиот државен медиум.

Тој прецизираше дека системот е проверен во борбени услови, мислејќи на Сирија. Притоа тој рече дека е невозможно да се утврди вистинската вредност на борбената техника доколку таа не помине воена експлоатација. Министерот додаде и дека е невозможно целосно да се обучи војската потпирајќи се на употребата на техника исклучиво во вежбовни услови, пренесува веб-порталот ТАСС.

Според Шојгу, резултатите на руската борбена авијација се оценети како исклучителни. Такво нешто не би било изводливо доколку не е остварена тесна соработка меѓу производителите на оваа опрема и единиците на военото воздухопловство на руската армија. Министерот Шојгу додаде дека го радува високата амбиција на рускиот военоиндустриски комплекс, кој се стреми кон совршенство кога е во прашање неговата продукција.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња