На фотографиите може да се види лансирање на ракета-пресретнувач која се наоѓа во вооружувањето на противракетниот систем со голем дострел С-300В4 (изв. „Антеј-4000“). Процените се дека благодарение на обемниот пакет модернизација применет на верзијата С-300В4 неговата борбена ефикасност е зголемена за дури 2 до 3 пати во однос на претходната верзија на овој систем С-300В3. Оваа верзија на системот во моментов претставува можеби и најдобар ракетен систем за ПВО/ПРО на светот.
На фотографијама се може видети лансирање ракете-пресретача која се налази у наоружању противракетног система великом домета С-300В4 (експ. „Антеј-4000“). pic.twitter.com/w1YdN2Juyi
— Marsonline (@gvozdenavolja) September 6, 2020
С-300В4 претставува понатамошна модернизација на ракетните системи С-300В кои се наоѓаат во вооружувањето на Копнената војска на руската армија. Тие пред сѐ се наменети за пресретнување на оперативно-тактички и балистички ракети. Значи, тука во основа се работи за противракетен систем. Покрај тоа, тие можат да се употребат и против останатите воздушни цели, како што се авиони, хеликоптери и сл.
За разлика од претходните системи, новиот С-300В4 може да пресретнува проектили на далечини и до 400 км. Според своите севкупни тактичко-технички карактеристики, овој систем ги надминува можностите на системот С-400 „Триумф“. Исто така, комплетниот комплекс со радарско-набљудувачките и нишанските системи, како и со лансирните и логистичките единици е сместен на тенковски шасии на гасеници. Еден дивизион е во состојба истовремено да нападне и до 16 балистички ракети со исклучително висок процент на соборување.
Тешката ракета-пресретнувач што се наоѓа во вооружувањето на системот С-300В4 може да развие брзина од 7,5 маха. Згора на тоа, неговата најнова ракета со ознака 9М82МВ може да достигне брзина од 9 маха и да пресретне цел на далечина од 350 км која се наоѓа во поблиската вселена. Притоа ракетата е високо управлива при својот лет, поточно има одлични маневарски способности при пресретнувањето на својата цел.
Руските воени експерти сметаат дека идната ПВО ќе се состои од голем број многу подвижни огнени модули/лансери кои ќе бидат опремени со ракети со различен дострел. Овие модули опремени со ракети со голем дострел ќе бидат во состојба да ги уништат речиси сите типови аеродинамични цели, а ќе имаат многу важна функција и во пресретнувањето цели кои летаат со хиперсонични брзини. Она што е најважно во изградбата на ПВО се луѓето. Може со целосно право да се каже дека руските „ракеташи“ се состојат од исклучително искусни и школувани поединци кои поминале многу комплексна обука во стандардни, но и во борбени услови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче