Неколку батерии на ракетниот систем „Рубеж“ во состојба да покријат површина колку Јадранско море

Ракетен систем „Бал“ / индекс ГРАУ 3К60, ознака НАТО: SSC-6 Sennight (рус. „неделя“)

Ракетен систем „Бал“ / индекс ГРАУ 3К60, ознака НАТО: SSC-6 Sennight (рус. „неделя“)

Виталиј В. Кузмин
Рускиот концерн „Моринформсистема-Агат“ започна фаза на интензивно тестирање на новиот крајбрежен противбродски ракетен систем „Рубеж“. Процените се дека овој систем, благодарение на големиот дострел на своите „нисколетечки“ противбродски ракети, како и подобрените способности за детекција на радарско-набљудувачкиот систем и генерално системот за управување со огнот, ќе бидат вистински комерцијален „хит“ на меѓународниот пазар на современо вооружување и борбена техника.

Тестирањата на новиот крајбрежен ракетен систем „Рубеж“, кој е наоружан со противбродски крстосувачки ракети, треба да завршат до крајот на следната година. Ова за веб-порталот ТАСС го изјави заменик-директорот и главен конструктор на концернот „Моринформсистема-Агат“ Николај Борисов.

„Во овој момент реализираме блок-тестирања на новиот ракетен систем „Рубеж“. Овој процес ќе го завршиме до крајот на 2021 година“, уверен е Борисов.

Познати тактичко-техничките карактеристики на системот

Крајбрежниот ракетен систем „Рубеж-МЭ“ е направен на мобилна платформа со зголемена проодност КамАЗ-6560. На камионот-платформа се наоѓа лансирна единица која се состои од модул со четири противбродски ракети Х-35УЕ, како и радарска станица за задхоризонтално откривање површински бродови. На неа уште се наоѓа и апаратура за управување со огнот, како и посебна апаратура за управување во боеви услови.

Комплексот е компактен и доволно автономен, така што не му се потребни дополнителни средства за добивање информации од надворешни извори, кои се неопходни пред процесот на гаѓање.

„Рубеж-МЭ“ ги користи ракетите Х-35УЭ кои претставуваат извозна модификација на ракетата Х-35У, со ефективен дострел и до 260 км. Ја движи турбо-млазен мотор ТРДД-50 со потисок од 450 кгс, што е сосем доволно да се обезбеди сонична брзина на летање до 0,85М. Способна е да уништи пловила со депласман до 5000 тони. Се наведува со помош на активна глава за самонаведување (систем испукај и заборави).

Според зборовите на производителот, новиот ракетен систем е оспособен да обезбеди целосна контрола над водениот простор што се наоѓа во зоната на неговиот ефективен дострел, што вклучува покривање на територијалните води на една држава, заштита на брегот од непријателски десант, покривање на важни воени и цивилни пристаништа, заштита на важни поморски комуникации, како и остварување огнена надмоќ во зони каде што се очекуваат поморските сили на непријателот. Иако е пред сé наменет за уништување површински поморски објекти, „Рубеж-МЭ“ подеднакво ефикасно може да се употреби и против копнени цели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња