Руски повеќенаменски авион-ловец Су-27 од составот на Балтичката флота полета во вторникот со цел пресретнување на основен патролен авион P3-C „Orion“ кој се наоѓа во состав на германското воено воздухопловство.
Ова на новинарите им беше пренесено во Националниот центар за управување со одбраната на Руската Федерација – НЦУО. Според информациите на овој центар, средствата за контрола на воздушниот простор на 1 септември над неутралните води на Балтичкото море откриле воздушна цел која се приближувала на рускиот воздушен простор. Заради нејзина попрецизна идентификација, алармирана е дежурната ловечка ескадрила на Балтичката флота, која во правец на неидентификуваното летало упати еден авион-ловец Су-27.
„Екипажот на рускиот авион набрзо успеа да ја идентификува воздушната цел која ја претставуваше главниот патролен авион P3-C „Orion“ од составот на германското воено воздухопловство“, се вели во соопштението што го пренесува рускиот веб-портал ТАСС.
Извори од војската прецизираа дека по пренасочувањето на германскиот авион од руската граница Су-27 се вратил во својата матична база. Евентуално нарушување на рускиот воздушен простор не е дозволено.
„Употребата на руската ловечко-пресретнувачка авијација се спроведува согласно строгите меѓународни правила за употреба на воздушниот простор“, се наведува во соопштението. Во овој центар минатиот вторник соопштија дека руски ловец-пресретнувач МиГ-31 од составот на авијацијата на Северната флота извел пресретнување на ист авион над Баренцовото море. Се работело за летало на Военото воздухопловство на Норвешка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче