„Национален Интерес“ го наведе новото руско оружје-убиец на западните тенкови

Screenshot/Youtube/Министерство за одбрана на РФ
Перспективниот руски противтенковски комплекс „Хермес“ може да се претвори во „убиец“ на западните тенкови. Вакво мислење изрази во статијата за „Национален Интерес“ американскиот публицист Питер Сучиу.

На форумот „Армија-2020“ беше претставен ракетниот комплекс со голем дострел со наведувано оружје „Хермес“ на Конструкторското биро за производство на прибор, пишува РИА „Новости“.

Авторот укажува на фактот дека комплексот е опремен со суперсонични ракети со голем дострел, способни да уништат западен тенк со гаранција од скоро 100 проценти. Новата муниција може да лета повеќе од четири пати од брзината на звукот. Според публицистот, тие можат да заземат посебно место помеѓу високопрецизната муниција и противвоздушните системи.

„Хермес“ има компактен борбен модул со лансери за шест ракети и е проектиран да истрела рафален оган кон шест цели истовремено. Боевата глава на секоја ракета содржи 20 кг ТНТ. Дострелот на „Хермес“ е до 100 километри.

Хермес“ може да се користи против непријателски оклопни возила, командни или штабни машини, комуникациски центри, магацини. Борбениот модул може да се инсталира на која било шасија, вклучително и на оклопни возила. Аналитичарот смета дека ова веројатно ќе им даде предност на постојните платформи. Комплексот, кој има автономен систем „пукај и заборави“, исто така е способен да погодува цели кога се наведува од беспилотно летало и морски платформи.

Во составот на „Хермес“ се вклучени неколку беспилотни летала за извидување и наведување, кои овозможуваат откривање и осветлување на целите.

Публицистот заклучува дека комплексот може да стане исчекор во сферата на противтенковското оружје. Спореден со „Хермес“, американскиот противтенковски комплекс „Џавелин“ дефинитивно изгледа застарено.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња