„Во моментов го проверуваме овој систем заедно со нашите партнери од банкарскиот сектор“, соопштија претставници на секретаријатот. Оваа информација е објавена на телеграм-каналот на градската управа.
Тука се наведува дека главниот новитет есенва ќе биде системот за видеонадзор. Тој во метрото на главниот град на Русија функционира од 1 септември. Една од неговите услуги ќе биде и FacePay.
Со помош на видеонадзорот ќе биде можно да се следи оптовареноста на возовите. Информацијата за тоа ќе биде прикажана преку градските мобилни апликации. Патниците ќе можат да видат кои вагони се слободни. Ваквите податоци се особено актуелни во добата на борба против коронавирусот.
Ваков систем на видеонадзор постои во многу градови во светот. Во лондонското метро се тестира систем кој ги анализира снимките од камерите. Засега се работи за само два реона: LiverpoolStreet и MileEnd. Систем е потребен не само за препознавање на лица, туку и за утврдување на оптоварувањето на сообраќајните делници и фиксирање на сомнителни предмети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче