Руските ловци Су-57 добиваат „невидливи“ церади

Сергеј Бобилев/TASS

Руските ловци Су-57 ќе бидат заштитени со „невидливи“ церади, пишува весникот „Известија“, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на Русија и одбранбено-индустрискиот комплекс.

Церадите направени до полимерни материјали ќе ги кријат во точките на базирање на копно главните елементи на авионот – тркалата, долниот, централниот и задниот дел на трупот, крилата, кабината, стабилизаторите и смукалките на воздух, правејќи ги незабележливи за воздухопловните оптичко-електронски системи и радарите на противникот. Исто така, слични церади ќе ги штитат трупот и радиоелектрониката од непогоди.

Испораката треба да почне догодина.

Весникот „Известија“, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана на РФ, неодамна објави дека првиот ловец Су-57 на почетокот на идната година ќе го добие Западниот воен округ бидејќи земјите во негова близина – Полска, Данска и Норвешка, се вооружуваат со американските авиони од петтата генерација F-35 Lightning II.

Американците забележаа исчекор во квалитетот на производството на Су-57 во однос на 11 претсериски авион, како што на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ напиша Стив Тримбл, уредник на Aviation Week.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња