Како заврши „трка” меѓу американска и руска патрола во сириската пустина (ВИДЕО)

Xinhua/Global Look Press

Припадници на Војската на САД се повредени во судар со руска патрола во Сирија, соопштија претставници на американската страна. Неколку луѓе се здобија со незначителни повреди. Се наведува дека тоа се случило во случаен судар, не дошло до размена на оган.

Како што изјави шефот на прес-службата на Советот за национална безбедност при Белата куќа Џон Елиот, инцидентот се случил утрото на 25 август на подрачјето на населбата Дерик. „Во текот на инцидентот руска техника се заби во оклопен автомобил на коалицијата, при што е повреден екипажот на возилото“, изјави Елиот.

„За да спречи ескалација на ситуацијата, патролата на коалицијата го напушти реонот“, истакна тој, наведувајќи дека „руската страна ги прекрши протоколите за спречување случајни средби на двете војски“.

Според портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, началниците на генералштабовите на двете страни веќе разговарале за инцидентот.  

„Одржан е телефонски разговор меѓу началниците на генералштабовитеˮ, рече Песков, одговарајќи на прашањето за тоа како Кремљ ја оценува таа ситуација и дали може таа да претставува закана за руско-американската страна во спречувањето инциденти во Сирија.

Како што наведува ТАСС, согласно претходната пракса, страните се договориле да не објавуваат конкретни детали од разговорите.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња