Рускиот военоиндустриски комплекс ја разви минијатурната роботизирана подморница „Цефалопод“ наменета за ефикасна заштита на сопствените, но и за уништување противнички површински бродови, пренесува веб-порталот РГ. Исклучително ниската забележливост и натпросечните маневарски способности обезбедуваат висок степен на нејзината рентабилност: за релативно мали пари може да се направи дрон-подморница која може да уништи површинско пловило и кое е неспоредливо поскапо од самата подморница.
Руски војноиндустријски комплекс развио минијатурну роботизовану подморницу „Цефалопод“ која је намењена за ефикасну заштиту сопствених, али и за уништење противничких површинских бродова. Покретаће је нуклеарни реактор који ће јој у техничком смислу омогућити огромну аутономију. pic.twitter.com/weEszVDsvw
— Marsonline (@gvozdenavolja) August 25, 2020
Во последно време рускиот военоиндустриски комплекс насочи посебно внимание на развојот на проектите за беспилотни пловила, поточно подморници, загрижено констатира американскиот веб-портал Military Watch.
Во 2018 година беше претставен стратешкиот дрон-торпедо „Посејдон“, кој според разорната сила е аналог на нуклеарните подморници кои се опремени со интерконтинентални балистички ракети. Во овој момент „Посејдон“ реализира блок тестирања заедно со својата матична подморница-носач. Беспилотното подводно пловило за стратешка намена „Посејдон“ е во состојба да носи термонуклеарна боева глава со моќност од 100 мт. Меѓутоа, благодарение на колосалната разорна моќ, овој проект во медиска смисла го потисна развојот на уште еден проект на рускиот военоиндустриски комплекса, кој во технолошка смисла не е ништо помалку безопасен. Напротив....
Првите информации за проектот „Цефалопод“ се појавија 2015 година. Беспилотната подморница со големина на патнички автобус е резултат на инженерискиот тим на конструкторското биро „Рубин“, кое претставува еден од водечките развојни ресурси на рускиот военоиндустриски комплекс специјализиран за проектирање борбени подморници. Целиот проект се реализира во кооперација со други компании со слична насоченост.
Според првите процени, беспилотната подморница ќе ја движи нуклеарен реактор. Што се однесува до вооружувањето, беспилотната подморница „Цефалопод“ ќе носи непознат број лесни торпеда со калибар 324 мм. Овие торпеда вообичаено се користат за борба против непријателски подморници, поради што може да се претпостави вистинската намена на дрон-подморницата од овој тип. Една од потенцијалните задачи на оваа подморница може да биде обезбедување на стратешките нуклеарни подморници вооружени со балистички ракети за време на нивното боево дежурство. Во овој момент, овие задачи ги решаваат офанзивните нуклеарни подморници, кои мораат да одговорат и на други предизвици. Поточно, нивната намена во реалноста е насочена на повеќе страни и според тоа овие пловила спаѓаат во повеќенаменските. Дронот-подморница „Цефалопод“ може да се употреби и за обезбедување на воено-поморските бази и инфраструктурата од стратешко значење во внатрешните води на Балтичкото и Црното море.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче