Ваква оцена на новиот систем кој беше претставен на Меѓународниот военотехнички саем на современо вооружување и воена техника „Армија-2020“ изнесе специјалниот воени известувач на веб-порталот „Форбс“ Келси Атертон.
Дронот-хеликоптер, кој сé уште нема официјална ознака, е осмислен во Санкт Петербург. Интересно е да се напомене дека леталото е тестирано во аеродинамичен тунел, што не е карактеристично за леталата од овој тип.
Руси представили перспективну беспилотну летелицу хеликоптерског дизајна (мод.ххххх) на Међународном војнотехничком сајму "Армија-2020". pic.twitter.com/PFkgUrfHR5
— Marsonline (@gvozdenavolja) August 25, 2020
„Огромното мнозинство беспилотни летала кои се наоѓаат во вооружувањето на руската армија се направени според аеродинамичната шема на авионот. Меѓутоа, поради специфичните задачи кои можат да ги изведат беспилотните летала од хеликоптерски тип, потребата од нивно усвојување е сé поголема. За овие летала се заинтересирани комерцијални компании, но и безбедносните структури“, коментира вишиот научен соработник на Центарот за современа американска безбедност CNAS и специјалист за руски беспилотни летала за воена намена Семјуел Бендет, пренесува веб-порталот РГ.
Со горна граница на летот од 1500 метри и неговата автономија од два часа, беспилотниот хеликоптер е конструиран како повеќенаменска платформа. Таа може да се опреми со различни типови сензори, вклучувајќи мултиспектрална камера, потоа дозиметар на гама-зрачења, минијатурен радар и магнетометриски комплекс.
За употреба во спасувачки операции беспилотното летало има рефлектор, опрема за емитување на звук и контејнер за транспорт на средства за спасување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче