Самоодното возило со борбен модул на кој е интегриран ласер привлече големо внимание кај заинтересираните посетители на Меѓународниот военотехнички саем на современо вооружување и воена техника „Армија-2020“. Комплексот „Рат“ се базира на оригинална оклопна шасија, на која е видливо влијанието на инженерите на КамАЗ, пишува Mars.online.
Једно од највећих изненађења Међународног војнотехничког сајма савременог наоружања и војне технике „Армија-2020“ је представљање самоходног борбеног возила које је наоружано ласерским системом за уништење дронова „Рать“. pic.twitter.com/8E3ipLmCbg
— Marsonline (@gvozdenavolja) August 25, 2020
Основната намена на ласерскиот комплекс „Рат“ е детекција и класификација на беспилотни летала и нивно уништување со дејство на системот заснован на микробраново оружје кое врши ефикасна опструкција и пукање на управувачкиот канал, но и со дејство на ласерскиот сноп при што доаѓа до физичко уништување на дронот и негова ликвидација.
Во состав на комплексот „Рат“ влегува оклопно возило СБА-70К2, радарско-набљудувачка станица, микробранов систем за онеспособување на беспилотни летала, комплекс за автоматско распознавање и попречување на телекомуникациските канали за управување со беспилотни летала, ласерски систем за физичка ликвидација на беспилотното летало, оптоелектронски склопки, уникатен систем за борбено управување со елементи на вештачка интелигенција кој обезбедува интеграција, обработка и примопредавање на податоци.
Минијатурната радарска станица е во состојба да открие воздушни објекти кои имаат радарска рефлексија со еквивалент 0,01 м2 на далечина до 3500 метри. Притоа тој објект може да се движи со брзина до 200 км/час. Микробрановиот насочен сноп може ефикасно да ја опструира електрониката на дроновите во радиус до 2500 метри.
Овој систем е во состојба без присуство на човек да обезбеди кружно скенирање на воздушниот простор во автоматски режим на работа. Комплексот е во состојба на далечина до 1000 метри да детектира и препознае широк спектар телекомуникациски канали кои се наоѓаат во работен дијапазон од 2-6 гигахерци. Доколку непријателското беспилотно летало некако успее да ја пробие предната одбранбена бариера која се движи во опсег 1,5-2,5км од возилото, влегува во зоната на ефективниот дострел на ласерското оружје кое со својот насочен енергетски сноп гарантирано го уништува леталото. Притоа не доаѓа само до целосна опструкција на оптоелектронските уреди кај леталото, туку и до физичко уништување на апаратот.
Што се однесува до платформата на комплексот „Рат“, таа се состои од оклопно возило на тркала СБА-70К. Ова возило е во состојба со полн резервоар да помине растојание од 1000 км. Неговата брзина е до 100 км/час, погонот му е на сите шест тркала (6х6). Оклопната заштита на возилото гарантира одбрана од стрелечко оружје до калибар 7,62 мм. Оклопната капсула на возилото СБА-70К е во состојба да издржи експлозија на нагазна мина еквивалентна на 4кг ТНТ. Исто така, доколку дојде од оштетување на пневматиците, возилото може да помине растојание од 50 км и притоа да оствари брзина на движење до 50 км/ч.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче