Концернот „Калашников“ во рамките на Меѓународниот военотехнички саем на оружје и воена техника „Армија-2020“ ќе го претстави десантното пловило на воздушна перница „Хаска-10“, кое го нарача Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација. Целиот проект е во ингеренција на Рибинската бродоградежна компанија (Москва), која е дел од концернот „Калашников“. Ова на заинтересираните новинари во петокот, 21 август, им го изјави генералниот директор на концернот „Калашников“ Дмитриј Тарасов.
Двата негови мотори генерираат моќност од 3000 коњски сили. На пловилото може да се превезуваат до 10 тони товар. Далечината на пловење е 400 наутички милји, а екипажот што управува со пловилото се состои од тројца. Процентот на иновативни решенија употребени при проектирањето на ова десантно средство достигнува 72 проценти, наведува веб-порталот ТАСС.
Рибинскиот бродоградежен завод по барање на Министерството за индустрија и трговија го реализираше овој проект, вели Дмитриј Тарасов. Во развојот на проектот „Хаска-10“ зеде учество концернот „Калашников“, поточно Рибинската бродоградежна компанија. Проектот е во активна фаза на развој од 2018 година.
Се работи за пловило на воздушна перница кое може да се употребува во најсложени климатски услови, вклучувајќи и температури кои паѓаат под минус 50 степени Целзиусови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче