Русите на саемот „Армија-2020“ ќе го прикажат противракетното чудо – ПВО/ПРО системот „Антеј-4000“

Виталиј В. Кузмин

За разлика од претходните системи, новиот С-300В4 може да пресретнува проектили на далечини и до 400 км. Според своите севкупни тактичко-технички карактеристики, овој систем во одделни категории ги надминува можностите на системот С-400 „Триумф“. Исто така, комплетниот комплекс со радарско-набљудувачките и нишанските системи, како и со лансирните и логистичките единици е сместен на тенковски шасии на гасеници. Еден дивизион е во состојба истовремено да нападне и до 16 балистички ракети со исклучително висок процент на соборување.

Ракетниот комплекс ПВО/ПРО„Aнтеј-4000“ првпат ќе биде прикажан на Меѓународниот военотехнички саем на оружје и воена техника „Армија-2020“ кој се одржува од 23 август на просторот на воено-патриотскиот парк на културата и одморот на Вооружените сили на Руската Федерација „Патриот“ во подмосковска Кубинка.

Противвоздухопловниот ракетен комплекс со голем дострел „Aнтеј-4000“ со своите составни компоненти ќе доминира на надворешната експозиција на овој саем. Се работи за еден од капиталните новитети кои во последно време ги произведе рускиот военоиндустриски комплекс. Вкупно ќе бидат претставени околу 30 модели вооружување и воена техника кои ги произведуваат претпријатијата што се наоѓаат во состав на концернот „Алмаз-Антеј“, пренесува веб-порталот РГ.

Како што неодамна изјави претставник на концернот „Алмаз-Антеј“, противвоздухопловниот ракетен комплекс „Aнтеј-4000“ ќе биде во состојба да погоди цел на далечина и до 400 км. Уште во 2016 година беа завршени работите над подготовката на извозната верзија на противвоздухопловниот ракетен систем од нова генерација С-400В4. Неофицијалната ознака што во меѓувреме ја доби овој систем го носи името „Aнтеј-4000“. Во овој момент е комплетиран пакетот документација за испорака на овој систем на странските купувачи.

С-300В4 претставува понатамошна модернизација на ракетните системи С-300В кои се наоѓаат во вооружувањето на Копнената војска на руската армија. Тие пред сѐ се наменети за пресретнување на оперативно-тактички и балистички ракети со среден дострел кои летаат со брзини и до 13500 км/ч. Значи, тука во основа се работи за противракетен систем. Покрај тоа, тие можат да се употребат и против останатите воздушни цели, како што се авиони, хеликоптери и сл.

За разлика од претходните системи, новиот С-300В4 може да пресретнува проектили на далечини и до 400 км. Според своите севкупни тактичко-технички карактеристики, овој систем ги надминува можностите на системот С-400 „Триумф“. Исто така, комплетниот комплекс со радарско-набљудувачките и нишанските системи, како и со лансирните и логистичките единици е сместен на тенковски шасии на гасеници. Еден дивизион е во состојба истовремено да нападне и до 16 балистички ракети со исклучително висок процент на соборување.

Тешката ракета-пресретнувач која се наоѓа во вооружувањето на системот С-300В4 може да развие брзина од 7,5 маха. Згора на тоа, неговата најнова ракета со ознака 9М82МВ може да достигне брзина од 9 маха и да пресретне цел на далечина од 350 км која се наоѓа во поблиската вселена. Притоа ракетата е високо управлива при нејзиниот лет, поточно има одлични маневарски способности при пресретнувањето на својата цел.

Процените се дека благодарение на навистина обемниот пакет модернизација применет на верзијата С-300В4, неговата борбена ефикасност е зголемена за дури 2,3 пати во однос на претходната верзија на овој систем С-300В3. Оваа верзија на системот во моментов претставува можеби и најдобар ракетен систем за ПВО/ПРО на светот.

Генерал Леонков додаде дека идната ПВО ќе се состои од голем број многу подвижни огнени модули/лансери кои ќе бидат опремени со ракети со различен дострел. Овие модули опремени со ракети со голем дострел ќе бидат во состојба да ги уништат речиси сите типови аеродинамични цели, но ќе имаат многу важна функција и во пресретнувањето на цели кои летаат со хиперсонични брзини. Она што е најважно во изградбата на модерната ПВО се луѓето. Може со полно право да се каже дека руските „ракеташи“ се состојат од исклучително искусни и школувани поединци кои поминаа многу комплексна обука која се одвиваше во стандардни, но и борбени услови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња