Воено-техничкиот форум „Армија-2020“ ќе го посетат претставници на повеќе од сто земји

Скриншот / youtube на Министерството за одбрана на Русиjа
Претставници на околу сто земји од светот ќе го посетат Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2020“. Ова на колегиумот на воениот ресор го изјави министерот за одбрана на Руската Федерација Сергеј Шојгу.

„На 23 август се отвораат Меѓународниот воено-технички форум „Армија-2020“ и Меѓународниот армиски игри. Годинава форумот ќе биде првата конгресно-изложбена манифестација од меѓународен ранг во сферата на одбраната. Очекуваме претставници на 92 земји. На чело на 18 делегации ќе бидат министри и заменици-министри за одбрана“, рече Шојгу

Како што истакна министерот за одбрана на РФ, на форумот „Армија-2020“ околу 1500 организации и индустриски претпријатија ќе претстават повеќе од 28000 експонати. Во статичките и динамичните презентации ќе бидат вклучени речиси 700 единици современо вооружување и воена техника.

Паралелно со форумот ќе се одвиваат Меѓународните армиски игри. Во текот на две недели на полигоните на пет земји 156 екипи од 32 земји ќе ги претстават својата умешност и професионалните вештини.

„Во програмата на Игрите се вклучени 30 натпреварувања. Покрај тоа, ќе претставиме три нови натпреварувања кои ќе се одржуваат од наредната година. Тоа се натпреварот во тактичко гаѓање, совладување сложена патека со пречки со исполнување огнени задачи и натпреварувањето на стручњаците на воено-топографската служба „Сигурен ориентир“, нагласи Шојгу.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња