Руската Северна флота ќе добие нови „летечки чамци“ кои важат за најдобрите и најмодерните во својата класа. Модерните авиони-амфибии Бе-200 „Алтаир“ ќе ги зголемат можностите на војската и ќе ги зајакнат границите на земјата, пренесуваат руските медиуми.
Како што за весникот „Известија“ соопшти извор од воениот ресор, авионите „Алтаир“ ќе бидат испорачани во две варијанти – како летала за пребарување и спасување или во противподморничка верзија.
Кога станува збор за техничките карактеристики на „летечки чамци“, тие засега се чуваат во тајност. Познато е дека Бе-200 ќе може да полета од море и копно во сите временски услови. Како што се наведува, на овој начин Министерството за одбрана на РФ планира да ја засили заштитата на позициониот реон на распоредување на руските атомски подморници.
За потребите на базирање на „Алтаирите“, ќе биде обновен и модернизиран единствениот во Заполарјето хидроаеродром во селото Сафоново кај Мурманск. Објектот е подигнат уште во 1936 година за морнаричката авијација на Северната флота, а во текот на изминатата деценија тука се наоѓаше музејот на Военото воздухопловство на Северната флота. Засега е непознато колку точно вакви авиони ќе ѝ бидат испорачани на Северната флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче