„Во овој момент лопатките со нов облик се тестираат во фабрички услови, на хеликоптери Ми-28Н“, кратко изјавија од информативната служба на државната корпорација „Ростех“, пренесува веб-порталот РГ.
Пред две години Централниот аеродинамички институт „Жуковски“ и ОКБ „Мил“ започнаа низа проекти со цел зголемување на максималната и крстосувачката брзина на борбените хеликоптери (макс. до 400 км/ч). Новите лопатки на главниот ротор ги намалуваат негативните аеродинамички ефекти кои настануваат кај класичниот тип лопатки при големи брзини.
Замената на лопатките на главниот ротор на хеликоптерот овозможува зголемување на тактичко-техничките способности на леталото кога е во прашање максималната брзина. Ова своевремено го објави веб-порталот ТАСС.
Минатата година во оперативните хеликоптерски единици на руската армија почна да влегува модернизираната верзија на ударниот хеликоптер Ми-28НМ, кај кој е применет пакет модернизација настанат врз основа на борбеното искуство на леталото Ми-28Н во Сирија. Модернизираното летало доби нов мотор, како и авионика со најсовремен напаѓачко-навигациски систем кој има способност за содејство со извидувачки и ударни беспилотни летала. Она што е особено интересно е сериозното техничко унапредување на управувачките функции на хеликоптерот. Имено, инженерите конструираа систем на двојни команди, што драстично го зголемува системот на преживување доколку дојде до ранување на еден од членовите на екипажот. Во однос на основната верзија на „Ноќен ловец“ двојно е зголемена зоната на откривање цели и подобрени се маневарските способности на леталото, интегриран е посилен мотор и додадено е високопрецизно вооружување со зголемен дострел. Ова летало за разлика од основните модели има подобри перформанси кога е во прашање крстосувачката и максималната брзина. Леталото е дополнително оклопено, што ја зголеми неговата тежина. Сите овие технички измени му овозможуваат на модернизираниот хеликоптер Ми-28НМ решавање на широк спектар задачи – од операции за воздушно извидување, па сé до уништување копнени и воздушни цели. Руската армија планира до крајот на 2027 година да набави 98 модернизирани ударни хеликоптери Ми-28НМ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче