Овие погони за производство пред неколку дена ги посети и рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу кој се запозна со динамиката на работите над првата серија авиони-ловци Су-57 кои треба да влезат во вооружувањето на руската армија.
ФОТО: Прва серија руских вишенаменских ловачких авиона пете генерације Су-57 на монтажној линији. pic.twitter.com/YDB3465GDc
— Marsonline (@gvozdenavolja) August 20, 2020
Во рамките на државната програма за опремување на руските вооружени сили за тековната деценија, предвидена е набавка на 78 ловци Су-57 до крајот на 2028 година. Оваа работа ќе делува мошне поттикнувачки на понатамошното унапредување на производствените способности на руските воздухопловно-индустриски капацитети. Покрај испорака на ловци од петтата генерација Су-57, руското Министерство за одбрана планира потпишување нов договор кога е во прашање набавка на дополнителна количина повеќенаменски ловци Су-35 од генерацијата 4++. Ова летало ги потврди своите супериорни тактичко-технички способности и во воени услови на небото над Сирија, каде што е дел од руската воздухопловна група.
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.
Посебно внимание на руските воени конструктори е насочено кон изградбата на напредно ракетно вооружување од класата „воздух-воздух“ кое ќе му обезбеди на ова летало остварување доминација во воздушниот простор. Тоа пред сé се однесува на развојот на супераманеварбилните ракети со краток и среден дострел (Р-73/РВВ МД и К-77М/РВВ АЕ), но и на ракетите со голем дострел за напад на цели на далечини над 300 км, како што е Р-37М. Покрај реконфигурацијата на нивните габарити и дизајн, особено внимание му е посветено на развојот на нова генерација ултраотпорни (на средства за противелектронска борба – заб. на прев.) самонаведувачки боеви глави со висока сензибилност.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче