Интересно е што и американските експерти врз основа на само неколку фотографии од ова возило се обидоа да ги идентификуваат неговите главни карактеристики, пренесува веб-порталот РГ.
„По површината на водата возилото го движи специјален пропелер кој произведува ефект на воден млаз. Возилото ќе биде употребливо во единиците на морнаричката пешадија, спецназот, но и во спасувачките служби. Овие возила ќе можат да се употребуваат и во противпожарни акции“, изјави за FlotProm главниот конструктор на проектот Сергеј Терешенков.
Благодарение на способноста за глисирање „Дрозд“ ќе може да развие на површината на водата брзина од 70 км/час, додека на копно неговата максимална брзина е до 100 км/час. Погонскиот дизел-мотор генерира 260 коњски сили. Возилото е опремено со автоматски менувач. Тука се наоѓа и вителот, како и централизираниот систем поврзан со контролата на тркалата. Имено, при совладувањето водена пречка „Дрозд“ има способност да ги вовлече во трупот своите тркала (како авионите).
Цврстата конструкција на покривот на возилото овозможува да се закачат различни типови вооружување. Во задниот дел на „Дрозд“ се наоѓа десантен отсек во кој можат да се сместат осум војници со полна опрема. Полезниот товар што може да го превезува „Дрозд“ изнесува 1500 кг. Масата на возилото е 2000 килограми.
Прототипот на возилото ќе биде претставен на Меѓународниот военотехнички саем „Армија-2020“ што ќе се одржува од 23 август на просторот на воено-патриотскиот парк на културата и одморот на Вооружените сили на Руската Федерација „Патриот“ во подмосковка Кубинка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче