Сценариото на вежбата точно ја опишува ситуацијата во која би се нашле американските и израелските авиони-ловци F-35 доколку Иран би успеал да набави од Москва или Пекинг современи ловци и копнени комплекси за противвоздухопловна одбрана, пренесува Mars.online повикувајќи се на веб-порталот РГ.
Стремежот на Иран да ја зајакне својата армија предизвика засилена загриженост кај неговите регионални опоненти, како на Блискиот Исток, така и преку океанот. Иран ги модернизираше руските системи за противвоздухопловна одбрана С-300, а минатата година се обиде да го набави и најновиот противвоздухопловен ракетен систем со голем дострел С-400 „Триумф“. Москва, како што соопштува овој медиум, негативно одговорила на таа понуда. Меѓутоа, поради сé поверојатното укинување на ембаргото за испорака на вооружување, Русија лесно би можела да ја преиспита својата одлука и да му отвори на Техеран можност за набавка не само на „Триумф“, туку и на современи ловци заедно со дополнително воздухопловно вооружување.
Зад Москва не заостанува ниту Пекинг. Народна Република Кина преку продажба на современо вооружување сака да оствари многу силно влијание врз една од најважните држави на Блискиот Исток, што дополнително ја усложнува позицијата на САД во овој исклучително важен регион во светот.
Имено, Техеран и Пекинг се наоѓаат во завршната фаза на преговорите кои ќе доведат до создавање на стратешко партнерство меѓу двете држави. Ова ќе овозможи создавање услови за далеку поразновидна воено-техничка соработка која ќе вклучува билатерални воени вежби, заеднички проекти во развојот на современо вооружување и воена техника, како и размена на воено-разузнавачки податоци.
НР Кина како Русија успеа да развие сопствен систем на зона на ограничен пристап А2/Д2. Доколку во оваа намера успее и Иран, тоа драматично ќе ја комплицира оперативно-стратешката ситуација кога се во прашање војските на Израел и САД, кои во овој регион сакаат по секоја цена да ја зачуваат својата воена позиција, која според нивно мислење, е доминантна.
Затоа е од исклучителна важност реализацијата на заедничката воена вежба на воените воздухопловства на двете сојузнички земји. Главниот фокус на оваа вежба е примена на повеќенаменски борбени летала од петтата генерација F-35, за кои се смета дека во првите денови на хипотетичката борба би оствариле квалитативна разлика на бојното поле така што ќе ги уништат главните потенцијали на непријателот кој се потпира на балистички ракети со мал и среден дострел, како и на системи за противвоздухопловна одбрана. На овие вежби во перспектива би можеле да им се приклучат и Обединетите Арапски Емирати кои неодамна воспоставија дипломатски односи со Израел.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче