Русите прават оклопно возило кое ќе може да се десантира од хеликоптери од семејството Ми-8?

Интернет-портал „Бог-рата“ (mars.online)
Рускиот воено-индустриски комплекс за потребите на опремување на специјалните единици работи на изработка на суперкомпактно оклопно возило „Ласок-4“, кое ќе има маса од само 2 тона. Благодарение на своите габарити, ова возило ќе може да се транспортира по воздушен пат со помош на воено-транспортните хеликоптери Ми-АМТШ и извозната верзија Ми-171Ш.

Како што соопшти за веб-порталот РГ генералниот директор на компанијата ПКЦ „Инновационное Шасси“ Сергеј Толмачев, при развојот на ова возило се земени предвид искуствата од различни специјални операции изведувани во текот на последниве неколку конфликти ширум светот. Проектот има за цел создавање лесно оклопно возило кое ќе има аеромобилни својства (транспортирање по воздушен пат). Покрај тоа, возилото ќе мора да одговори на високите барања кога е во прашање изведување борбени дејствија во многу сложени услови и на изискувачки терени како што е ридско-планински простор, но и битка во урбан амбиент.

Во основа „Ласок-4“ е конструиран врз база на претходното искуство при развојот на јуришното оклопно возило „Саранча“. Новото возило има далеку полесна шасија, современ облик на изработка на оклопната капсула, како и пониска силуета. Што се однесува до вооружувањето, предвидено е вградување на митралези од различен тип, главно со калибар 7,62 мм како што се РПК, ПК, „Печенег“, но и на оние малку потешки со калибар 12,7 милиметри, како митралезите „Утјос“ и „Корд“.

Самата конфигурација на изработка на оклопната капсула на возилото овозможува негова сигурна заштита при напад врз горната проекција (отпор од станбени згради со повеќе катови и слично). Внатрешните страници на возилото ќе бидат обложени со дополнителна антифрагментациона облога, додека седишта ќе имаат антитрауматски дизајн.

Лесната борбена платформа е градена на модуларен принцип и на неа во основа е можна изградба на различни верзии на ова возило, кое освен тоа ќе има и амфибиски својства. Руските конструктори предвидоа и сезонска модификација на ова возило (есен/ зима) која се состои од додавање специјална гасеница на тркалата на возилото, а која ќе има функција за значително зголемување на неговата проодност.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња