Во Ростовската област во близина на станицата Погорелово, во текот на вежбите за материјално-техничко обезбедување на руската војска, копнените служби направија земјен аеродром на теренот. На аеродромот беа префрлени 10 хеликоптери МИ-26, Ми-35 и Ми-8АМТШ, како и четири јуришници Су-25СМ3 и авиони на транспортната авијација Ан-26 и Ил-76МД.
Пилотите при слетувањето сами ја одредуваа висината на порамнување на авионот пред да ја допрат земјената патека и визуелно ја бираа точката на допир, земајќи го предвид својот авион, соопшти службата за односи со јавноста на Јужниот воен округ.
По приемот на авионите на воено-транспортната авијација инженерско-техничкиот персонал обезбеди нивно полнење со гориво и подготовка за лет во борбена употреба.
Ил-76 е наменет за превоз на десантни единици, техника и други задачи. Развиен е во опитно-конструкторското биро „Илјушин“ според проект и под раководство на академик Хенрих Новожилов. Максималната полетна маса му достигнува 200 тони. Авионот е во состојба да превезе 60 тони товар на далечина до 4000 километри.
Врз база на него се создадени бројни модификации, вклучувајќи го противпожарниот Ил-76М кој во краток рок може да биде опремен во товарно возило, авионот за далечинско радарско откривање А-50, авионот-цистерна Ил-78, медицинскиот Ил-76МД „Скалпел“ кој има три медицински модули, со функција предоперативно, оперативно и одделение за интензивна нега, Ил-76МДК „Космос“ за тренинг на космонаути во услови на вештачка бестежинска состојба, летечката лабораторија Ил-76ЛЛ за развој и тестирање на авионски мотори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче