Началникот на одделението за борбена обука на 41 армија за општа намена Вјачеслав Доцу во интервју за „Црвена ѕвезда” зборуваше за тоа како припадниците на војската се обучуваат за борба против беспилотната авијација. Како што наведе тој, оваа проблематика стана исклучително актуелна по започнувањето на борбените дејствија во Сирија.
41 армија за општа намена поседува голем парк странски беспилотни летала, меѓу кои се оние кои сириските милитанти ги направија во домашните работилници. Некои од тие дронови се трофејни, други се соборени со противвоздухопловно орудие и оган од стрелечко оружје или принудно ги приземјиле стручњаците на станиците за противелектронска борба, прецизира полковникот.
„Во редовната структура на нашите моторизирани стрелечки бригади постојат противвоздухопловни и противоздухопловни ракетно-артилериски дивизиони, наменети за борба против воздушни цели. Но, не сите нивни средства се прифатливи за уништување дронови, бидејќи е бесмислено со скапи ракети да се гаѓаат мали дронови. Затоа во соработка почнавме да создаваме заеднички единици за борба против беспилотни летала”, рече Вјачеслав Доцу.
Едно од одделенијата или водовите има задача константно да ја следи ситуацијата во воздух и во случај на појава на дрон отвора оган. Притоа на сила е принципот штом здогледаш дрон, гаѓај, а потоа реферирај му на командантот. Во такви ситуации е скапоцена секоја секунда.
Овие денови е тестиран нов метод, речиси генијален во својата едноставност. На квадрокоптер е прицврстен конец со должина меѓу 30 и 40 метри, а на него се заврзани обични балони. На тој начин едно беспилотно летало може да симулира осум воздушни цели, ако не и „рој“ дронови.
„Како што забележувате, методот не изискува финансиски трошоци, а е ефикасен во обуката. Мислите дека е лесно да се погоди од автоматска пушка или митралез таков балон во лет дури и на растојание од 50 метри? Никако“, објасни Вјачеслав Доцу.
Не сите методи на борба против дронови се прецизирани во прирачниците. Понекогаш, самите борци на теренот пронаоѓаат оригинални начини на борба. Неодамна полковник Вјачеслав Доцу на полигонот Кара Хаак во Тува видел нешто слично. Митралезец пукал во макета на дрон лежејќи на грб, потпирајќи се со нозете на постољето на орудието. И ја погодил целта.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче