Научниците од онколошкиот центар „Џека Ади“ во Канада ја анализираа научната литература според која мала доза Икс-зраци може да ја намали смртноста од воспаление на белите дробови за 20%, додека испитувањата на животни покажаа дека најлошата фаза на воспаление на белите дробови може двојно да се намали, пренесува рускиот портал РБК. Во САД ја испробаа наведената метода на 10 пациенти заболени од COVID-19.
Оние кои се лекувани со оваа експериментална метода биле излекувани за три дена, за разлика од контролната група, чие време изнесувало 12 дена. Времето поминато во болница е намалено на 12 дена, додека инаку тој број е 20 дена. Руските специјалисти сметаат дека подетални процедури можат да се вршат дури по испитувањата на животните. „COVID-19 ја нарушува регенерацијата на белодробното ткиво. Радиотерапијата може само да го влоши тој процес. На пример, можат да се регенерираат само оние клетки кои го создаваат сврзното ткиво. На тој начин фиброзата на белите дробови само дополнително се засилува.
Додека сé уште нема податоци за последиците од инфекцијата со коронавирус, дури и мали дози на радијација можат да дадат сосем непредвидлив резултат во иднина“, изјави за весникот „Известија“ професорот на Катедрата за фундаментална медицина на Биомедицинскиот факултет при Далекоисточниот федерален универзитет Галина Рева. Професорката нагласува дека научниците засега многу малку знаат за природата на коронавирусот, а претворањето на човекот во полигон за тестирање е недопустливо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче