Извидувачко-диверзантските единици (ИДЕ) од составот на комбинираната армија на Источниот воен округ изведоа серија специјални воени вежби кои имаа за цел собирање тајни информации од оперативната длабочина на непријателскиот фронт. Притоа се реализирани бројни заседи, препади и други типови тактички дејствија кои ги применуваат специјалните групи од овој тип. Сите вежби се одржани на специјалниот полигон „Трјохречје“ во Амурската област, каде што се собраа околу 500 извидувачи-диверзанти, пренесува официјалниот веб-портал на руското Министерство за одбрана.
Дејствијата што се однесуваат на обезбедување собирање тајни информации се реализирани во рамките на поголемите воени маневри во кои учествуваа 2 страни – една која се брани и друга која напаѓа. Извидувачко-диверзантските единици извршија тајно префрлување зад непријателските линии откако ги заобиколија главните набљудувачници на непријателот и нивните клучни упоришни точки. Овие единици во неколку тактички групи пронајдоа дупки во непријателската одбрана и успеаја да навлезат длабоко зад неговиот грб. Една од овие групи имаше задача на својот правец на настапување организира заседа на патната комуникација, која ја минираа со современи минско-експлозивни средства. Притоа е уништено возило во кое се наоѓаа високи непријателски офицери, а запленета е и важна документација. Основниот принцип при изведувањето на оваа вежба беше диверзантите да дејствуваат силно, да го пронајдат она поради кое дојдоа и со најголема можна брзина и борбен поредок да го напуштат местото на специјалната операција.
Во текот на реализацијата на оваа вежба, извидувачко-диверзантските групи користеа нови автоматски пушки АК-12, современи ласерски далечиномерачи ЛПР-3, оптоелектронски прибор за изведување борбени дејствија во ноќни услови, како и други технички елементи и опрема што ја користат овие единици. Специјалната операција што ја изведуваа изведувачко-диверзантските групи ја контролираше тактичко извидувачко беспилотно летало „Тахион“, кое на овие групи им испраќаше информации во реално време за противничките мети.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче