Руските падобранци интензивно се подготвуваат за учество во мировни операции

Министерство за одбрана на РФ
Сценариото на вежбата се состоеше од употреба на воздушно-десантните сили на руската армија во зона на изведување на мировна операција во која активно дејствуваат нелегални вооружени формации. Овој комплекс на проверки се состоеше од вежбање тактички принципи при одбрана на контролно-пропусни пунктови и набљудувачници, ликвидација на блокирани непријателски сили, како и организација на распределба на хуманитарна помош во бегалски кампови.

На воениот полигон Поливно кај Улјановск успешно е завршена тактичка војна вежба во која учествуваа единиците на Улјановската десантно-јуришна гардиска бригада.

Темата на оваа воена вежба беше поврзана со обучување и тактика на употреба на оперативни единици на руската армија кои треба да решаваат задачи во мировни операции. Основната задача на оваа вежба беше усовршување на практичните навики на сите командири на единици во структурата на оваа формација, како и на нејзиниот личен кадар, да ги решаваат сите задачи кои можат да се постават во една мировна мисија.

Посебен акцент имаше на активниот приод на проблемот и негово одлучно и ефикасно решавање. Исто така, проверена е и генералната употребливост на сите единици во рамките на оваа бригада кога е во прашање обученоста во сите видови вооружување, воена и специјална техника, како и управување со материјално-техничката база на единицата, пренесува официјалниот веб-портал на руското Министерство за одбрана.

Сценариото на вежбата се состоеше од употреба на воздушно-десантните сили на руската армија во зона на изведување на мировна операција во која активно дејствуваат нелегални вооружени формации. Овој комплекс на проверки се состоеше од вежбање тактички принципи при одбрана на контролно-пропусни пунктови и набљудувачници, ликвидација на блокирани непријателски сили, како и организација на распределба на хуманитарна помош во бегалски кампови.

Покрај тоа, единиците на оваа бригада кои се одредени да дејствуваат во рамките на мировните сили реализираа вежба со боево гаѓање при што е симулирана борба со нелегални вооружени формации во зоната на одговорност на оваа единица. Притоа беа применети и средства на борбена техника како што се десантни борбени возила на пешадијата БМД-4М и оклопни транспортери БТР-МДМ „Ракушка“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња