Руски МиГ-31 прeсретна американски дрон над Чукотското море

Министерство за одбрана на РФ
Руски суперсонични МиГ-31 прeсретнаа стратешки разузнавачки беспилотен апарат RQ-4B Global Hawk на американското Воено воздухопловство над Чукотското море.

Според Националниот центар за контрола на одбраната на Руската Федерација (НЦКО), воздушната цел, која се приближувала до руската граница, била пресретната на 11 август од руската контрола на воздушниот простор над неутралните води на Чукотското море, пишува „Росијскаја газета“.

„За пресретнување на целта во воздух беа подигнати три ловци МиГ-31 од противвоздушните сили на Источниот воен округ“, се вели во соопштението на НЦКО.

Откако го одвратија стратешкиот дрон од државната граница, ловците се вратија во базата. Полетот на руските МиГ-31 е извршен согласно меѓународните правила за користење на воздушниот простор. На беспилотниот апарат RQ-4B не му е дозволено да ја наруши државната граница на Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња