Директорот на Научниот институт за епидемиологија и микробиологија во Санкт Петербург, рускиот академик Арег Тотољан укажува на фактот дека некои луѓе не можат да се заразат со Ковид-19. Научниците дошле до таков заклучок по деталното испитување на состојбата на лекарите кои со месеци работеа со заразени лица.
„Постојат лица на кои SARS-CoV-2 не им може ништо“, рече Тотољан. „Тие беа во контакт со стотици пациенти, но немаат ни антитела“.
Рускиот научник вели дека истражувањето на овој „феномен“ може да помогне да се пронајде универзално средство за борба против короната, кое нема да биде ни скапо како вакцината, ниту ќе биде потребно толку време за негова изработка.
Уште една загатка во тоа е што некои лица кои прележале Ковид немаат антитела. „Такви има повеќе отколку што очекувавме“, вели Тотољан.
Инаку, тој смета дека наесен Русите ќе си имаат работа со потешко заболување и им советува психолошки да се подготват за тоа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче