„Морскиот волк“ се врати во единиците на руската морнарица: К-157 „Вепар“ повторно во строј

Проект 971 „Штука-Б“.

Проект 971 „Штука-Б“.

Владимир Сајапин /TASS
Се работи за подморници кои се посебно проектирани да бидат „нечујни“ за акустичните уреди на непријателот, затоа што создаваат исклучително низок шум при своето движење. Првенствено се наменети за удар врз големи поморски транспорти, ракетни крстосувачи, носачи на авиони и особено непријателски подморници. Исто така, класата вакви подморници може да се употреби и за напади врз копнени објекти.

Атомската подморница од класата 971 (ознака К-157 „Вепар“) се врати во составот на руската Воена морнарица. Оваа подморница успешно ја заврши фазата на својот ремонт и влезе во поморските единици. Информацијата ја пренесе рускиот веб-портал ТАСС повикувајќи се на изјава на заменик-министерот за одбрана на Руската Федерација Алексеј Криворучко.

„За потребите на Воената морнарица на руската армија е испорачана една ремонтирана офанзивна атомска подморница (се работи за подморници од класата 971 – заб. на авторот)“, беше кажано на еден од приемите организирани од руската воена индустрија.

Повеќенаменската атомска подморница од класата 971 (кодна шифра Штука-Б, НАТО - Ајкула) е конструирана во петербуршкото биро „Малахит“. Основното барање при разработката на овој проект беше да се добие подморница со високи експлоатациски карактеристики со исклучително голема автономија на работа (најмалку 3 месеци), на воден простор оддалечен илјадници километри од најблиските руски поморски бази. Нејзината клучна карактеристика беше намалената чујност на пловидбата, што ѝ овозможуваше во патролните зони каде што обично престојуваа бродовите на НАТО со месеци да биде незабележлива.

Се работи за подморници кои се посебно проектирани да бидат „нечујни“ за акустичните уреди на непријателот, затоа што создаваат исклучително низок шум при своето движење. Првенствено се наменети за удар врз големи поморски транспорти, ракетни крстосувачи, носачи на авиони и особено непријателски подморници. Исто така, класата вакви подморници може да се употреби и за напади врз копнени објекти.

Најновата модернизација на овие пловила вклучува интеграција на комплексот „Калибар“, кој претставува најнов тип крстосувачка ракета што се наоѓа во единиците на руската војска и која имаше своја борбена примена. Поморската верзија на оваа ракета со ознака „Калибар-ПЛ“ беше тестирана во реални борбени услови во Сирија, кога од акваторијата на Средоземното море по терористички цели дејствуваше офанзивната подморница Б-237 „Ростов на Дон“. Ракетата успешно го погоди зададениот објект на далечина од преку 1000 км. Покрај ова вооружување, подморниците од оваа класа носат и до 40 торпеда со калибар 533 и 650 мм, како и ракетен систем со краток дострел „Стрела-3М“ за непосредна одбрана од непријателски авиони и хеликоптери. Посебно се издвојуваат специјалните противподморнички ракети-торпеда „Ветер“ и „Водопад“, кои покрај класични, се опремени и со атомски боеви глави. Сето ова ѝ го даде епитетот на вистински „ловец на волци“ (непријателски подморници).

Криворучко исто така додаде дека годинава на руските поморски единици им се испорачани и првата сериска ракетна фрегата од класата 22350 „Адмирал на флота Касатонов“ и атомската подморница за стратешка намена од класата 955А „Бореј-А“ која го носи името „Кнез Владимир“. Стратегијата за развој на руската воена морнарица ги става овие подморници во статус на единствениот тип на стратешки подводни пловика-ракетоносци во нашата флота“, рече командантот на 31 дивизија подводни пловила на Северната флота Степан Кељбас.

Покрај тоа, во состав на руската Воена морнарица, според зборовите на заменик-министерот за одбрана, влегоа и два нови брода од класите 23470 и 19910. Во единиците на флотата исто така влегоа и околу 50 единици ракетно и минско-торпедно вооружување.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња