Нови детали кои ја прошируваат листата на квалитети на ловецот од петтата генерација Су-57?

Марина Лисцева/TASS
Рускиот воено-индустриски комплекс смисли метода која за два пати ќе ја зголеми отпорноста на удар на стаклата на авионската кабина, со истовремено двојно намалување на нивната маса. Новата опрема ќе обезбеди заштита на пилотите од дејствата на електромагнетното, ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење, а исто така и на зрачењата кои се јавуваат при нуклеарна експлозија.

Стаклата на пилотската кабина кај новиот руски повеќенаменски пилот од петтата генерација Су-57 ќе имаат способност за заштита на пилотот од нуклеарна експлозија, како и од електромагнетно, ултравиолетово и инфрацрвено зрачење, рече генералниот директор на компанијата која учествува во развојот на специјални воени материјали ОНПП „Технологија“ Андреј Силкин, а пренесува веб-порталот ТАСС.

„Новата опрема ќе обезбеди заштита на пилотите од дејствата на електромагнетното, ултравиолетовото и инфрацрвеното зрачење, а исто така и на зрачењата кои се јавуваат при нуклеарна експлозија“, рече генералниот директор кој учествуваше на прием организиран од рускиот воено-индустриски комплекс.

Покрај имплементација на новите материјали, оваа постапка обезбедува и радарска невидливост на пилотската кабина. Притоа „за два пати се зголемува отпорноста на удар кај овие стакла, со истовремено двојно намалување на нивната маса“. Силкин прецизираше дека ваквите резултати се постигнати благодарение на примената на новата технологија при изработка на воздухопловни стакла од листови на монолитен поликарбонат, како и со помош на нанесување специјална повеќенаменска покривка која се состои од злато, како и на легура на индиум и олово. Оваа смеса се нанесува на стаклото со помош на магнетрона метода (нано-слој).

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ Сухој. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња