„Тивки убијци“: Руската армија усвојува нова генерација противтенковски мини

Саид Царнаев
Руската војска почна да добива специјални типови противтенковски мини кои имаат способност за удар во врвот на куполата на оклопно борбено средство – тенк. Благодарение на интеграцијата на високосензитивни електронски сензори и електроника која работи на принцип на вештачка интелигенција, оваа мина може самостојно да детектира непријателски тенк и да изврши негово уништување со употреба на специјално полнење за активација.

Ова за веб-порталот „Интерфакс“ го соопшти неименуван извор од руската воена индустрија.

Според неговите зборови, овие мини веќе се наоѓаат во сериско производство, а нивен главен нарачател е руското Министерство за одбрана. Испораката на овие мини засега се реализира во релативно мали количини.

Уште пред две години рускиот веб-портал „Известија“ објави информација во која се наведува дека руската армија ги усвојува првите типови мини кои имаат способност да ја нападнат горната проекција на тенкот, поточно врвот на неговата купола. Нивната ознака е ПТКМ-1Р.

„Благодарение на интеграцијата на високосензитивни електронски сензори и електроника која работи на принцип на вештачка интелигенција, оваа мина е во состојба самостојно да детектира непријателски тенк и да изврши негово уништување со употреба на специјално полнење за активација, кое ѝ овозможува на кумулативната боева глава удар по врвот на тенкот“, објави притоа овој весник.

При детекција на оклопно возило или тенк мината врши благо движење во правец на откриениот непријател.

„Кога целта ќе влезе во радиусот на ефективното дејство, доаѓа до активација на помошното полнење. Ова ѝ овозможува на кумулативната боева глава да одлета неколку десетици метри во височина и потоа со помош на термовизискиот уред да ја детектира топлината на тенковскиот мотор. Во тој момент кумулативниот елемент ја коригира својата траекторија и се насочува кон тенкот кого го удара со целата сила таму каде што е најслаб“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња