Актуелно: Руската армија изведе воена вежба во Република Ерменија

Слободан Ѓукиќ
Конкретно, во оваа воена вежба учество зедоа околу 1500 војници, засилени со 500 единици различна борбена техника, вклучувајќи тактички авиони-ловци МиГ 29, ударни хеликоптери Ми-24П, воено-транспортни хеликоптери Ми-8 МТВ, како и беспилотни летала.

Припадниците на руската армија стационирани во руската воена база во Ерменија реализираа воена вежба ангажирајќи притоа ловечко-бомбардерска авијација и беспилотни летала. Ова за веб-порталот „Интерфакс“ го соопшти информативната служба на Јужниот воен округ (ЈВО).

Вежбата е реализирана по повод засилената напнатост меѓу Ерменија и Азербејџан. И едната и другата држава сметаат дека им припаѓа областа Нагорно Карабах која се наоѓа во составот на Азербејџан. Населението на оваа област не сака по никоја цена да го прифати овој факт и да се покори на властите во Баку. Мнозинството население кое живее на овој простор се етнички Ерменци.  

Конкретно, во оваа воена вежба учество зедоа околу 1500 војници, засилени со 500 единици различна борбена техника, вклучувајќи тактички авиони-ловци МиГ 29, ударни хеликоптери Ми-24П, воено-транспортни хеликоптери Ми-8 МТВ, како и беспилотни летала.

Во близина на ерменскиот град Ѓумри се наоѓа 102 руска воена база. Проценетата бројност на рускиот контингент кој се наоѓа во состав на оваа база е 4-5 илјади војници и офицери. Во нејзин состав се наоѓа и аеродром на кој се базирани тактички ловци МиГ-29 како и ударни хеликоптери Ми-24/35. Покрај нив, тука се наоѓаат и незаменливите борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 во различни модификации. Базата ја штити многу силна ПВО-група вооружена со ракетни системи со голем дострел С-300В.

Пред 10 години Русија и Ерменија го продолжија договорот за функционирање на оваа база до 2044 година. Според информациите на информативната служба на Јужниот воен округ, баталјонско-тактичка воена вежба е истовремено извршена на територијата на 8 региони на северен Кавказ. Покрај тоа, вежбата вклучи единици стационирани во базите на територијата на Абхазија и Јужна Осетија. Треба да се истакне дека Министерството за одбрана на Република Азербејџан ја извести јавноста дека од 1 август оваа година ќе биде одржана заедничка турско-азербејџанска воена вежба. Вежбата според својот обем ќе биде голема и ќе вклучува здружено дејство на копнените и воздухопловните единици на двете војски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња