Русија на западните граници ќе распореди „Кинжали“, „Циркони“ и ласерски системи „Пересвет“

Слободан Ѓукиќ
Распоредувањето на најновото руско вооружување, како и дополнителни борбени единици на витално важните правци преку кои може да се загрози националната безбедност на Руската Федерација, може да биде најдобар одговор на засиленото префрлување американска војска во зони кои се наоѓаат во непосредна близина на руските граници, смета инспекторот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Владимир Богатирјев.

„Секако дека ќе има одговор на акциите на Вашингтон. Една од мерките може да биде распоредување најсовремена борбена техника која може да се најде на многу блиско растојание од државната граница, од каде што е забележана опасноста, со дополнително префрлување борбени единици кои би биле ориентирани кон западните граници на Русија“, изјави рускиот генерал за веб-порталот „Интерфакс“.

Рускиот стручњак рече дека притоа би можеле да бидат употребени и хиперсонични воздухоппловни комплекси „Кинжал“, кои би биле клучното средство за одвраќање на непријателот. Покрај ова ударно средство, руската армија најверојатно би ги употребила и борбените ласерски системи „Пересвет”, но и перспективната хиперсонична ракета „Циркон”.

Според зборовите на генералот, „Русија на сите дејства на САД ќе одговори спокојно и комплексно”.

„Ќе ги зајакнеме копнените сили на западниот воен округ. Ќе ја продолжиме модернизацијата на единиците на Балтичката флота, ќе ги опремиме со средства за брзо префрлување убојни средства со голема разорна сила до местата на можна концентрација на војските на НАТО, вклучувајќи пред сé хиперсонично оружје, но и други видови современо вооружување кое се наоѓа во оперативна употреба на нашата војска. Не треба да се заборават ни дополнителните способности што ни ги дава во тој случај и руската стратешка авијација”, рече рускиот генерал.

Притоа тој рече дека „стратегијата на распоредување НАТО трупи во близина на руските граници во основа е бесмислена. Меѓутоа, овие акции можат да бидат исклучително опасни затоа што во случај на каква било грешка би означиле вовед во вооружен конфликт со несогледливи последици“, наведува рускиот генерал.

Американската воена команда одлучи да повлече од Германија контингент со јачина од 12000 војници. Ова во средата го објави информативната служба на Пентагон. Според плановите на американската војска, околу 6400 војници ќе се вратат дома, додека 5600 војници ќе бидат распоредени во други европски држави.

Американскиот министер за одбрана рече дека дел од контингентот на американската војска која се наоѓа во Германија ќе биде дислоциран кон границите на Русија со цел нејзино одвраќање. Процените се дека главнината на американските трупи во Европа ќе биде распоредена на почвата на Италија и Белгија. Покрај овие две држави, американската војска има намера посилно да се позиционира и на почвата на Република Полска.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња