Американскиот StormBreaker vs. Дрељ: која бомба е посмртоносна?

Руската планирачка авиобомба „Дрељ“ со ефективен дострел од 30 километри на „Армија-2016“

Руската планирачка авиобомба „Дрељ“ со ефективен дострел од 30 километри на „Армија-2016“

Дмитриj Решетников/TASS
Двете нови воздухопловни бомби кои се направени по најсовремени стандарди наскоро ќе излезат на меѓународниот пазар за вооружување и воена опрема. Ние во текстов се обидовме да ги споредиме сите предности и мани на овие два конкуренти.

Во САД успешно е реализирано тестирањето на возухопловната бомба од моделот GBU-53/B StormBreaker која ќе влезе во состав на комплексот на полуавтоматското високопрецизно оружје Golden Horde. Истовремено со овие планови, и руската армија започна со тестирање на своите планирачки воздухопловни бомби „Дрељ“, кои благодарение на силното експлозивно полнење можат да уништат речиси целокупна артилериска батерија.

Понатаму во текстот ќе се обидеме да одговориме на прашањето кое ги интересира поголемиот дел од вљубениците во современото вооружување. Која бомба е поефикасна?

Американската GBU-53/B StormBreaker?

Мајк Џарет, заменикот на првиот човек на американската компанија Raytheon Air Warfare Systems (структура која е специјализирана за производство на воздушни бомби), овој проект го нарече голем исчекор кога станува збор за овој вид вооружување.

GBU-53/B StormBreaker

„Сметаме дека воздушната бомба SDB II ќе ги промени правилата на игра. Таа нема исклучиво да се потпира на системот за глобално позиционирање, преку кој ги уништува своите цели. Бомбата ќе може самостојно да ја најде и да ја уништи својата цел“, истакнува Џарет.

Целосното име на американската воздушна бомба е GBU-53/B StormBreaker. Оваа „паметна“ бомба благодарение на имплементираниот систем за вештачка интелигенција што е интегриран со автоматското наведување кон целта, може самостојно да ги најде целите на земјата, да изврши нивна селекција и во случај на нивен обид за „бегство“ да се оттргне од својот курс, да ја следи целта и потоа да ја уништи.

„Системот за наведување е составен дел на модернизираните системи кои се составени од радарски и инфрацрвен сензор. Тој има функција за препознавање на целта и за избирање (свој – туѓ). Целиот процес го изведува системот за вештачка интелигенција врз основа на големите бази на вчитани податоци кои ги имаат собрано инженерите на развојната компанија“, вели за нашиот портал поранешниот воен аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Сафонов.

Според експертот, воздушната бомба StormBreaker се разликува од останатите борбени средства со слични карактеристики според низа техничко-тактички карактеристики. Еден од клучните сегменти е големото унапредување на режимот на работа за време на применувањето на оваа бомба. Имено, бомбата може да се наведува по патека која е долга 73+ километри. За време на влегувањето во непосредната зона каде се наоѓа целта, се активира боевиот режим на работа. Во овој режим бомбата може самостојно да ја фати својата цел и да ја уништи без каква било асистенција на оператор – човек. Притоа, бомбата може да дејствува во услови на ниска оптичка видливост (магла, чад, ден/ноќ).

Како што може да се види од достапниот материјал, воздушната бомба StormBreaker нема големи димензии. Нејзината тежина изнесува околу 115 килограми. Благодарение на ваквите предности еден авион може да понесе поголемо количество вакви бомби. Така, на пример, американскиот ловец-бомбардер Ф-15Е може на своите носачи да носи до 28 вакви бомби, а борбеното летало од петтата генерација Ф-35 до 30 StormBreaker. Американците планираат во понатамошниот развој на оваа бомба истата да ја прилагодат и за употреба на стратегиските бомбардери Б-52, Б-1Б и Б-2. Процените велат дека овие авиони можат да носат и до 100 вакви бомби.

Истовремено Русите активно работат на конкурентот на оваа бомба. Нејзината поширока употреба во вооружените сили се очекува до крајот на годинава.

Руската воздушна бомба „Дрељ“

Руската планирачка авиобомба „Дрељ“ со ефективен дострел од 30 километри на „Армија-2016“

Според својата конструкција авиобомбата „Дрељ“ претставува касетно оружје кое е составено од 15 елементи кои можат да се разлетаат на сите страни со брзина и до 3.000 метри во секунда. За тоа време овие елементи како од шега можат да ги пробијат најтешките оклопни борбени средства, како што се на пример основните борбени тенкови.

Таа терминолошки се опишува и како планирачка бомба. Оваа карактеристика ја прави бомбата многу поевтина од ракетните проектили зашто благодарение на специфичната аеродинамика нема потреба од ракетен мотор. Бомбата, чија маса достигнува 500 килограми носи боево полнење од 370 килограми, што е 70% од нејзината вкупна тежина.

Новата авионска бомба може да биде фрлена од растојание од 30 километри од целта. Таа на неа се наведува со помош на системите за глобално позиционирање ГЛОНАСС кој го наведува проектилот точно на зададената точка (за разлика од неуправувачките гравитациски бомби од минатиот век кои навистина и понатаму имаат своја употребна вредност – најдобар пример за тоа е Сирија). Покрај тоа, авиоконструкторите имаат намера бомбата да ја опремат со високоенергетски мотор кој ќе ѝ овозможи радикално зголемување на ефективниот дострел за време на нејзината примена.

„Нашата бомба од својот американски конкурент се разликува по поголемата разорна моќ. Американската има поголем дострел и прецизност, но е многу поскапа за производство. Се проценува дека и нашата бомба по ефективниот дострел ќе ја стаса StormBreaker кога ќе дојде моментот за нејзиното прифаќање во вооружувањето“, истакнува Сафонов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња