Руски разурнувачи го „опсипаа“ Јапонското море со ракети, торпеда и длабински бомби

Слободан Ѓукиќ
По детекцијата на непријателска подморница, поморската противподморничка ударна група изведе тактички маневар за напад врз откриениот објект и го нападна со комбинирана примена на противподморничко вооружување што го поседува во својот арсенал: ракети, торпеда и длабински бомби.

Големите противподморнички бродови на Тихоокеанската флота (ТОФ), како и елементи на поморската борбена авијација применија ракетно и торпедно вооружување за борба против подморници на условниот непријател, како и арсенал на длабински бомби, се наведува во соопштението што го издаде информативната служба на Тихоокеанската флота.

„Во акваторијата на Јапонското море на бродовите од мешовитата Приморска флотила од составот на Тихоокеанската флота им содејствуваше група авиони на поморската авијација. Овие сили имаа задача да ги откријат и уништат подморниците на условниот непријател“, пренесува веб-порталот „Интерфакс“.

Поморската противподморничка ударна група, во чиј состав се наоѓаа противподморничките бродови БПК „Адмирал Виноградов“ и „Адмирал Трибуц“, во содејство со специјални противподморнички авиони Ил-38 и хеликоптери Ка-27ПЛ ги реализираа своите активности во зададениот реон во кој е лоцирана и уништена подморница на условниот непријател. Во целокупната вежба учествуваше и една дизел-електрична подморница на ТОФ која ги покриваше бродовите на противподморничката ударна група.

По детекцијата на непријателска подморница, поморската противподморничка ударна група изведе тактички маневар за напад врз откриениот објект и го нападна со комбинирана примена на противподморничко вооружување што го поседува во својот арсенал: ракети, торпеда и длабински бомби. Големиот противподморнички брод „Адмирал Трибуц“ лансираше крстосувачка ракета со самонаведувано противподморничко торпедо¹, додека противподморничкиот брод „Адмирал Виноградов“ изведе напад со употреба на голем број торпеда и длабински бомби“, соопштува информативната служба на ТОФ.

Нападот е проширен и од воздушниот простор, така што по подморницата дејствуваше противподморнички хеликоптер Ка-27ПЛ, кој примени воздухопловно торпедно вооружување.

¹Се работи за ракета 85РУ лансирана од противподморнички ракетен комплекс УРК-5 „Раструб-Б“ кој се наоѓа во вооружувањето на големите противподморнички бродови од класата „Удалој“. Овие ракети се во состојба да погодат подморница на далечина и до 90 км од бродот. Се состои од самонаведувано електрично торпедо со мали габарити УМГТ-1 калибар 400 мм, кое може да пресретне подморница на длабочина и до 550 м.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња