Ветеран на американската „Делта“ високо ја оцени руската „Сајга 12“ (ВИДЕО)

Скриншот
Познатиот експерт за оружје, бивш водник во американската специјална единица „Делта“ Лари Викерс ја тестираше полуавтоматската пушка „Сајга 12“ верзија 340.

Видеото од тестот е објавено на официјалниот сајт на концернот „Калашников“.

Пред тестирањето техничкиот консултант Владимир Онокој накратко го запозна Викерс со „Сајга 12“:

„Раните верзии на овој модел ги видовте при едно од вашите претходни доаѓања во Русија пред многу години. Кочницата е на копче, исто како кај SR-1. Лостот за исфрлање на рамката е од левата страна. Ако се размисли малку, тоа е слично на ергономијата на пиштолот, т.е. лостот е на место каде што на пиштолот е тастерот за отпуштање на рамката. На капакот на сандакот на пушката има Пикатини шина. Тука е и добро познатата гасна кочница – компензаторот на трзајот, го викаат „ДТК Илина“. Ќе видите, тоа е одличен механизам и многу ефикасно го ублажува трзајот“.

Лари Викерс рече дека ќе пука од десно рамо, а по тестот изјави:

„Баш е добро! Импулсот на трзајот не е лош за калибар 12 мм. Компензаторот, се разбира, силно влијае. Пукав од такви пушки без компензатор на трзајот, разликата е огромна. Механизмите за ракување се одлични, особено за деснаци. И задржувањето на затворачот во задна позиција по последниот куршум, и конструкцијата на лостот за исфрлање на рамката – сето тоа е многу важно. Куршумот многу брзо се уфрлува во цевката. Тој ДТК го смислил талентиран човек и извонреден стручњак“, ги изнесе Лари Викерс своите впечатоци по тестирањето на руската полуавтоматска пушка „Сајга 12“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња